Нобеловката Малала: Шокирана сум поради состојбата во Кабул

малала
Најмладата Нобеловка, Малала Јусавзаи/ Фото: EPA-EFE/Marcelo Chello

Најмладата Нобеловка во светот, пакистанката Малала Јусуфзаи, која беше застреалана од талибанската организација бидејќи се залага за женските права на образование, вели дека е „тотално шокирана“ поради преземањето на Авганистан од страна на талибанските групи, пренесува Гардијан.

Јусуфзаи (24) вели дека е загрижена за правата на жените, малцинствата и активистите за човекови права“ и побара поголема безбедност од светските лидери.

„Ги следам настаните како Талибанците преземаат контрола во Авганистан и сум шокирана. Глобалните, регионалните и локалните власти мораат веднаш да повикаат за прекунвање на конфликтот, да понудат итна хуманитарна помош и да ги заштитат мигрантите и цивилите“ напиша Малала на Твитер.

Талибански напаѓач ја погоди Малала во глава со огнено оружје во нападот во октомври 2012 година, а потоа е префрлена на лекување во Британија. Нејзиното семејство се пресели во Бирмингем.

Таа е најмладата добитничката на Нобелова награда за мир, а дипломираше на Универзитетот Оксфорд осум години откако е беше ранета.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот