Нобелови награди: Американската поетеса Луис Глик лауреат за литература

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американската поетеса Луис Глик е добитничка на престижната Нобелова награда за литература за 2020 година, за „нејзиниот безгрешен поетски глас, кој со строга убавина ѝ дава универзална димензија на индивидуалната егзистенција, соопшти Нобеловиот комитет во Стокхолм.

– Луис Глик трага по универзалното, црпејќи инспирација од митови и од класични мотиви, присутни во повеќето нејзини дела, кои се стремат кон јасност. Централна тема во нејзините дела се детскиот и семејниот живот, блиските врски меѓу родителите и децата, објави Комитетот.

Глик (77) дебитираше со збирката „Првороден“ во 1968 година и наскоро преразна во една од најеминентните поетеси во американската современа литература. Таа објавила 12 збирки поезија, но и есеи. Родена е во Њујорк, а сега е професор по англиски јазик на Универзитетот Јејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот