Нобелова награда за медицина за тројца научници – откриле како клетките се прилагодуваат на нивото на кислород

Фото: Принтскрин/Nobel Prize

Тројца научници кои откриле како клетките се чувствуваат и се прилагодуваат на нивото на кислород, ја добија овогодишната Нобеловата награда за физиологија или медицина.

Клетките на човековото тело користат кислород за да ја претворат храната во корисна енергија.

Триото – Вилијам Каелин, Сер Питер Ратклиф и Грег Семенза – откриле како клетките се прилагодуваат кога нивото на кислородот паѓа.

Шведската академија соопшти дека нивните „елегантни” откритија доведуваат до третмани за анемија, па дури и карцином.

– За основната важност на кислородот се знаеше со векови, но како клетките се прилагодуваат на промените во нивото на кислородот долго време беше непознато, се истакнува во објавата.

Нивото на кислород варира во различни делови на телото – особено за време на вежбање.

Сер Питер Ратклиф е базиран во Институтот Френсис Крик во Велика Британија, Вилијам Каелин на Харвард во САД и Грег Семенза на универзитетот Џон Хопкинс во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот