„No Time To Die“ – Поради коронавирусот одложен датумот на премиерата

Новиот филм за Џејмс Бонд , „No Time To Die“ требаше да започне со прикажување во кината во Велика Британија на 2 април.

Меѓутоа, потврдено е дека датумот за излегување на филмот е одложен за ноември 2020 година поради коронавирусот, пишуваат странските медиуми.

Продуцентите најавија дека одлуката ја донеле по будно набљудување и темелни проценки на глобалниот пазар.

Даниел Крег (51) во 2017 година потврди дека по петти пат ќе го глуми британскиот таен агент 007. Во новиот филм Бонд ќе ужива во мирниот живот на Јамајка по напуштањето на тајната служба, се додека не го посети стариот пријател Феликс Литер од ЦИА и му побара услуга.

Џејмс Бонд франшизата е една од најпрофитабилните во филмскиот свет. „Spectre“ од 2015 година заработи 880 милиони долари, а „Skyfall“ од 2012 повеќе од милијарда долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот