НЛБ Банка: Изработени првите 35.000 платежни картички, граѓаните да ги ажурираат податоците

НЛБ Банка денеска информираше дека се изработени првите 35.00 домашни платежни картички и оти се во фаза на дистрибуција. Сите корисници на финансиската поддршка кои се распределени во НЛБ Банката ќе добијат СМС порака дека картичката е изработена и ќе биде доставена на домашна адреса.

– За точна и навремена достава на картичката, НЛБ Банка ги повикува сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа во најкус можен рок, преку веб страницата на Банката на линкот https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx и да ги внесат потребните  податоци. Воедно, по добивање на картичката клиентите ќе можат да ги следат сите свои реализирани трансакции и да имаат увид во состојбата на нивната картичка преку НЛБ мКлик мобилното банкарство кое може да го преземат и користат без дополнителни трошоци и надоместоци, се наведува во соопштението.

НЛБ Банка ќе изработи вкупно 113.000 картички. Издавањето ќе се одвива етапно, а крајниот рок е 18 јули. Граѓаните ќе можат да ги користат средствата од картичката до 15 август за купување македонски производи.

За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот