Нкетиа останува во Арсенал до 2027 година

Еди Нкетиа/фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Еди Нкетиа го продолжи договорот со Арсенал до 2027 година. Напаѓачот во иднина ќе настапува со бројот 14, кој до минатата сезона го носеше на грбот поранешниот капитен Пјер-Емерик Обамејанг.
Новиот договор беше потпишан десетина дена пред Нкетиа да стане слободен играч.

Во претходната сезона Нкетиа постигна десет гола во сите натпреварувања, а пет од нив ги постигна на последните седум натпревари од сезоната во Премиер лигата.

– Среќен сум што сум Еди останува со нас. Тој на најдобар начин го претставува сетоа се што значи овој клуб. Многу сме среќни што Еди останува во клубот и што можеме да продолжиме да го развиваме неговиот раскошен талент – рече менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Видео на денот