Њукасл го „краде“ најскапото засилување во историјата на Барселона

Дембеле се наоѓа пред трансфер во Премиер лигата/ фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Осман Дембеле се наоѓа пред заминување од Барселона и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во англиската Премиер лигата, и тоа во најбогатиот клуб на светот, Њукасл.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека и покрај желбата на тренерот Чави Ернандез да го задржи Дембеле и по идното лето, управата на Њукасл му  подготви договор на францускиот репрезентативец, на кој Барселона не може да одговори.

Според весникот, Њукасл му нуди на Дембеле годишна плата од 15 милиони евра, плус дополнителни 15 милиони бонус за потпис на договорот, а провизија ќе добие и неговиот агент.

Осман Дембеле заедно со Филипе Кутињо се најскапите засилувања во историјата на Барселона. Каталонскиот тим за Дембеле во 2017 година плати 135 милиони евра, но фудбалерот не ги оправда вложените пари и поголем дел помина на рехабилитација од повредите отколку што играше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот