Низа на фотографии кои сведочат за катастрофата во Австралија
Пожарите во Австралија беснеат веќе неколку месеци. Иако во последните денови падна дожд, тоа не беше доволно да се спречи катастрофата. Загинаа повеќе од 20 лица, а угинаа речиси половина милијарда животни.
Не поминува ден, а од Австралија да не стигнат некои фотографии или видео-снимки кои сведочат на големината на трагедијата која се случува поради пожарите. Оган, изгорени животни или преморени пожарникари, српски „Телеграф“ собра дел од фотографиите и видеата кои го „занемеа“ светот.
Пожарите во Австралија беснеат веќе неколку месеци. Иако во последните денови падна дожд, тоа не беше доволно да се спречи катастрофата. Загинаа повеќе од 20 лица, а угинаа речиси половина милијарда животни.
На интернет се појави и спектакуларна 3Д-визуализација на сите пожари во оваа земја. На неа се претставени каде се сите пожари, односно подрачјата кои се погодени.
Сликата е направена од Ентони Хирски, кој од 5 декември ги собира сите податоци на НАСА за пожарите во Австралија.
This is a picture of my Dad getting 5 mins sleep on our front lawn, while my brother keeps watch over the fire burning…
Publiée par Jenna O'Keeffe sur Samedi 4 janvier 2020
– Ова е фотографија од мојот татко кој спиеше само пет минути, додека брат ми ги надгледува пожарите на нашата фарма по неговата 12-часовна смета 10-ти ден по ред – напиша Џена О’Kиф на Фејсбук.
На фотографијата е коала која е спасена од случајна минувачка, а спасувањето на животното го обиколи светот. На неа може да се забележи Тони Доерти која ја соблекува маицата и во неа ја замотува коалата. Животното угина една едела подоцна во болница.
Најсилно погодена од пожари во Австралија беше сојузната држава Нов Јужен Велс, воедно и најнаселената држава, каде се уште дивеат 130 пожари. Областа со големина на Јужна Кореја е уништена од огнената стихија, а илјадници луѓе станаа бездоминици, дел од нив со денови се без електрична енергија, телефонска врска и вода за пиење.
Во пожарите, поради различни причини, загинаа најмалку 24 луѓе. Меѓу нив беше и пожарникарот Ендрју О’Двајер, кој загина на 19 декемвир, кога врз неговото возило падна запалено дрво. Ни тој, а ниту колегата не успеале да се спасат.