Низ Карпош се поставува средство со мирис на оган за заштита од змии

Фото: Општина Карпош

По информацијата дека во одредени делови на Скопје се појавиле змии, па дури и во строгиот центар на градот, денеска реагираше Општина Карпош. Како што соопшуваат оттаму во тек е акција за поставување „Репелент“, средство за превенција, односно заштита од змиите.

Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Појавата на влекачи е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација. Оваа ситуација е карактеристична за повисоките места во општината, како што се Жданец и Трнодол и населби кои граничат со шумско подрачје – велат од Карпош.

Оттаму објаснуваат дека средството  содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.

ФОТО: Внимавајте каде се движите, змија се појави во центарот на Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот