Нивото на езерото Козјак повторно е опаднато

Рибари на езерото Козјак/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 Иако последните дваeсетина дена нивото на езеротo Козјак порасна за повеќе од два метрa, благодарение на дождовите и снегот во последните два месеца, сепак испуштањето на водата за потребите на ЕСМ за производство на електрична струја, доведе водостојот да опадне.

-Порастот на  водостојот на езерото Козјак беше краткотраен и како што информираа жители од крајезерскире села, нивото на езерото повторно е опаднато за повеќе од два метри и водата повторно се повлекува кон браната, додека површината на езерото се намалува. Приливот на вода од Треска и останатите извори не е доволна да ги надомести количините на вода кои се испуштаат од браната, информира Миле Стојкоски од ЦУК Македонски Брод.

Стојкоски потврди дека и нивото на Треска благо опаѓа.

-Само што престанаа врнежите од дожд, нивото на Треска почна  да опаѓа и денес на мостот кај Македонски Брод се измерени само 80 сантиметри. Ако во наредниот период нема поголеми врнежи од дожд, тогаш Треска уште побрзо ќе се намалува, бидејќи количините снег на планините се недоволни за полно корито на најголемата притока на Вардар, додаде Стојкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот