Нивното спасување го следеше ЦЕЛИОТ СВЕТ, а сега момчињата од пештерата од Тајланд не зборуваат за тоа

спасување момчиња тајланд
Фото Профимедиа

Пред околу една година во пештера во Тајланд се случуваше 18-дневна спасувачка операција, која целиот свет будно ја следеш.

Момчињата од детски фудбалски тим, заедно со нивниот тренер, заминале на излет во тајландска шума, каде влегле во пештера која подоцна се поплавила поради обилните дождови.

Во првата спасувачка акција загина еден тајландски нуркач, бидејќи остана без кислород. Момчињата и тренерот живееја на резерви од храна и вода, кои мораа да ги штедат. Потоа со подобро смислена спасувачка операција, нуркачите успејаа во три дена да ги извлечат сите момчиња и нивниот тренер живи и здрави.

Денеска тие ретко зборуваат за овој настан, а потпишале и договор со Нетфликс за екранизирање на нивната приказна. Еден од членовите на тој договор е да не разговараат со новинари за тоа искуство.

Постојат гласини дека секое од децата ќе добие по 100.000 долари за овој проект на Нетфликс.

Во меѓувреме, тие продолжиле активно да тренираат фудбал и да бидат успешни во тоа поле, под водство на нивниот тренер.

фудбалери тајланд
Фото Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот