Нивните имиња ги врежаа во камен: Оддадена почит на 179 лекари кои починаа од ковид во Италија

Првиот случај на потпомогнато самоубиство е одобрен во Италија/ EPA-EFE/Matteo Corner

Имињата на 179 италијански лекари кои починале од коронавирус, се врежани во камен во италијанското место Дуно, северно од Милано.

Денеска откриениот мермерен споменик со имињата е во едно светилиште во регионот Ломбардија кој беше меѓу најпогодените во Италија.

Италија, прва земја надвор од Азија која откри локален преност на вирусот, последниве денови забележува пораст на нови потврдени позитивни случаи, поголем од 10.000 дневно. Тоа е повеќе од најсмртоносниот врв на вирусот во март и април, кога во Италија се тестирани само најтешките болести.

(Извор: Бета)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот