НИВНАТА ЉУБОВ КАКО ИНСПИРАЦИЈА: Бекамови ја слават 20 годишнината од бракот (ФОТО)

принтскрин/инстаграм

Еден од најпознатите парови на светот Викторија и Дејвид Бекам денес слават 20 години од бракот. Еден на друг, годините поминати заедно си ги честитаа со стари фотографии на Инстаграм.

– Вау, 20 години, Погледнете што создадовме. Те сакам – напиша Дејвид на фотографијата и ја означи својата сопруга и нивните деца, Бруклин, Ромео, Круз и Харпер.

Истото го направи и Викторија, која напиша?

– Денес се 20 години. Толку многу те сакам.

Познатиот фудбалер во својата автобиографија напиша дека неговата сопруга го „избрала“ од албумот со самолепливи сликички, додека тој прво ја видел на телевизија. Формално се запознале во 1997 година на фудбалски натпревар. Набрзо се верија и го добија синот Бруклин. Се венчаа во Ирска во дворецот Лутрелстоун, а церемонијата чинела 500 илјади британски фунти.

– Кога ме повика на состанок не знаев кој е. Никогаш немав следено фудбал – изјави Викторија во една прилика за нивната прва средба, додека Дејвид изјави дека во неа прв пат се заљубил кога прв пат ја видел во спорт со групата Spice Girls.

2002 година Викторија го роди и второто дете Ромео Џејмс, а во 2005 година Круз Давид. Ќеркичката Харпер Севен на свет ја донесе во 2011 година.

View this post on Instagram

We ❤️ Miami x Kisses x ??

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Бракот со Викторија, Дејвид го направи уште пославен, а прогласен е и за најубав маж во светот.

Да се потсетиме, благодарение на напорната работа, промислените одлуки и неверојатната способност, семејството Бекам стана планетарно популарно. Тие успеаа да ја осварат и целта на Викторија која таа ја зацрта уште во 2001 година. Тога, имено, изјави дека сака да биде позната како детергентот „Persil“.

– Бекамови ја надрасна категоријата „обични“ познати лица, па така станаа бренд, инвентар на модерното општество на исто ниво како и вашите омилени овесни снегулки или семејниот автомобил – пишува „The Guardian”.

Тие, како што изгледа, сфатиле нешто што многумина не го сфатиле – славата доаѓа и проаѓа, но брендовите се вечни и живеат во главата на луѓето.

БОНУС ВИДЕО:

Бекамови издржаа 20 години: Нема да ви се верува каде Викторија првпат го видела Бекам (ВИДЕО)

Бекамови издржаа 20 години: Нема да ви се верува каде Викторија првпат го видела Бекам (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот