Нивната љубов беше осудувана и исмејувана – Мадона (62) и нејзиното момче (26) го докажаа спротивното!

Instagram
Instagram

Семејството на пејачката им дава огромна поддршка, иако младото момче на Мадона е само две години постаро од нејзината ќерка…

Американскиот Ден на благодарноста пејачката Мадона (62) го помина со своето момче, танчерот Ахламалик Вилијамсон (26).

Поп ѕвездата објави неколку фотографии на кои му седи во скутот на своето 36 години помладо момче, со црн вел на лицето.

Instagram
Instagram

За фотографиите таа доби стотици илјади лајкови, но предизвика и поделени реакции.

И додека некои ја критикуваа бидејќи е со 36 години помладото момче и ѝ пишуваа дека е престара за него, односно тој премлад за неа, други ѝ пишуваа дека таа може и многу подобро.

Instagram
Instagram

Да се потсетиме, во декември 2019 година беше обелоденето за врската на Мадона со младиот танчер, кога исто така ја критикуваа пејачката и предвидуваа дека нивната љубов нема шанси да успее. Меѓутоа, поп дивата и Вилијамс се заедно една година, а семејството на пејачката им ја дава сета поддршка.

Instagram
Instagram

„Љубовта не ги познава годините“, изјави таткото на Вилијамс за „TMZ“. „Мојот син живее La Vida Loca и среќен сум поради него“.

Инаку, Ахламалик е само две години постар од најстарата ќерка на Мадона, Лурдс (24).

Преземно од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот