Нивната култура е речиси недостижна: Трикови за воспитување на децата од јапонските родители (ВИДЕО)

Foto: Caroline Chia

Јапонските деца се најпознати по нивната љубезност, пријателски и искрен однос, кој тешко можете да го сретнете на друго место во светот. Нивната култура е посебна, нивната дисциплина е речиси недостижна.

Никојпат нема да видите дете во Јапонија кое вреска во супермаркет за да му се купи нешто (нормално секаде има исклучоци), но тука тоа е неверојатно ретко.

Според досегашните истражувања, децата во Јапонија се меѓу најздравите во светот. Здраво дете значи и среќно дете, па можеби не е лоша идејата да научиме неколку совети од Јапонците кога станува збор за начинот на воспитување и одгледување деца.

Еве неколку важни работи што Јапонците ги прават за децата:

– Го фалат нивниот труд, не знаењето и способноста.

– Ги учат децата на почит кон постарите.

– Ги учат децата кон секого да се однесуваат со почит и разбирање, подучувајќи ги дека потценувањето не е примерно.

– Децата пешачат сами до училиште, повеќе од 98 проценти од децата на училиште одат пешки.

– Јапонците никогаш не им викаат на децата.

– Многу се блиски со своите деца.

– Подготовката на оброкот е страшно важна работа за јапонските мајки, тие стануваат рано за да им подготват на децата здрав оброк.

– Ги учат децата да бидат независни и сигурни во себе, од малечки ги учат да помагаат во домот и надвор од него и никако да не оставаат неред зад себе.

– Родителите никогаш не ги караат децата пред други луѓе, ниту пак им викаат пред други луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот