Нивес во најприродно издание: Старлетата го покажа целулитот и влакненцата (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Нивес Целзиус ги изненади многубројните обожаватели со фотка од својот природен изглед на телото и тоа без грам фотошоп. На Инстаграм објави две споени фотки на кои ги откри сите недостатоци со кои е горда.

– Ова не е уште една пред и потоа фотка со цел да се промовираат антицелулитни креми или сличен производ. Фотките се направени во една иста минута. Го имаме тука ова одвратно светло кое не го сакаме од кое се гледа се она што не сакаме да видиме: Капилари, целулит, модрици и влакненцата кои ми стојат убаво, каде мојата кожа изгледа скоро совршено со некои мали знаци на целулит – напишала гордо Нивес, истакнувајќи работи кои многу жени би се срамеле да ги покажат.

– Јас се разбира, секогаш бирам добро светло и добри фотки, но ги зачувувам и лошите за да ми бидат потсетник дека некогаш само малку ме дели од она најдоброто – заклучила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот