Нивес Целзиус објави фотографија од птичја перспектива, машките фанови се презадоволни! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Хрватската пејачка и старлета Нивес Целзиус не престанува да провоцира со разголените фотографии, а поради изолацијата од коронавирусот, таа е активна како никогаш досега.

Нивес на својот профил на Инстаграм објави уште една во низата секси фотографии, поради која на многу припадници на посилниот пол не им беше сеедно.

Имено, Нивес позира после тренинг во минијатурен топ во кој едван ги „спакува“ своите огромни гради, а фотографијата од птичја перспектива предизвика лавина коментари.

– Морам да се пофалам дека ниту еден ден во изолација не ми помина без тренинг. За тоа доказ може да биде и мојот сосед на кој во оваа прилика му се заблагодарувам за трпението и толеранцијата – напишала Нивес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот