Фото: Freepik

ФОТО | Ниту злато ниту дијаманти, најскапиот метал на светот вреди 27 милиони евра за грам

Клифорниумот првпат бил синтетизиран во 1950 година на Универзитетот во Калифорнија, Беркли, и е најскапиот метал на планетата, вреден 27 милиони евра за грам. Калифорниумот е сребрено-бел радиоактивен метал чии уникатни својства го прават клучен елемент во модерната наука.

За неговото производство е потребен исклучително сложен и скап процес, што ја објаснува неговата астрономски висока цена. Покрај тоа, тој е исклучително редок:, годишно се произведуваат само 40 до 50 милиграми, а до крајот на 2023 година, светските резерви на металот беа околу 10 грама, поделени меѓу САД и Русија, единствените земји способни да го синтетизираат.

Фото: Принтскрин /Јутјуб

Калифорниум е клучна алатка за истражување и индустрија. Во медицинското поле, се користи во неутронска терапија, третман за рак кој ја користи способноста на металот да генерира неутрони и да ги уништува клетките на туморот.

Во индустрискиот сектор се користи за неутронска радиографија за контрола на квалитетот на материјалите и заварување. Неговата способност да открива внатрешни дефекти го прави незаменлив во области како што се градежништвото и производството на опрема со висока прецизност.

Во енергетскиот сектор се користи за напојување на нуклеарни реактори и генерирање на нови изотопи за научни истражувања, пишува „МСН“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот