Ниту земјите од ЕУ нема да бидат исклучок: Бугарија ќе воведе задолжителен ПЦР тест за сите патници при влез

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бугарскиот министер за здравство Константин Ангелов денеска рече ПЦР тест за ковид-19 ќе биде задолжителен за сите патници за влез во земјата.

Ангелов наведе дека целта на рестриктивните мерки е спречување на нов, позаразен тип на вирусот, откако во Бугарија се регистрирани осум случаи.

– Ќе направиме ПЦР тестовите да бидат задолжителни за сите патници кои влегуваат во земјата, вклучувајќи ги и оние од земјите членки на Европската Унија, најави Ангелов.

Бројот на заболени со ковид-19 во Бугарија е во опаѓање, па затоа и намерата на владата во Сиофија да ублажи дел од рестриктивните мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот