Ниту војните во Ерусалим не можат да се споредат со влијанието на коронавирусот

Фото: ЕПА

Сега старите улици на Ерусалим, кои обично се пренатрупани од туристи кои ги постуваат светите локации или ги обиколуваат продавниците и трговски центри, се потполно празни.

Туристички водич во стариот град на Еурсалим, Муниб Абу Асаб и претходно сведочел на пусти улици, но тврди дека ни војните не можат да се споредат со коронавирусот.

„Засега 2020 година е најлоша во мојот живот“, истакнува Асаб.

Тој повеќето денови сега ги поминува откажувајќи туристички прошетки откако Израел воведе строги ограничувања на движењето за да се запре ширењето на пандемијата.

Израел има 700 потврдени случаи на зараза од Ковид-19, но уште околу 50 во палестинските подрачја. Десет илјади луѓе се во самоизолација.

Забрането е патување, освен неопходното, а прекинати се сите рекреативни и забавни содржини.

Сега старите улици на Ерусалим, кои обично се пренатрупани од туристи кои ги постуваат светите локации или ги обиколуваат продавниците и трговски центри, се потполно празни.

„Коронавирусот не убива. Имаме нула приходи“, рекол Асаб.

Светиот град секоја година го посетуваат повеќе од три милиони луѓе. Повеќе од нив го обиколуваат стариот град, во кој во помалку од километар квадратен се наоѓаат свети места за христијаните, евреите и муслиманите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот