Ниту сведоците не му доаѓаат на Боки 13, за слобода тој се „крсти“ во Апелација

Фото: Слободен печат/Драган Митревски

Втор ден по ред не доаѓа ниту еден сведок кој го има предложено одбраната на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.

Вчера во судот во својство на сведок не дојде бизнисменот Владимир Тодоровиќ. Денеска, исто така не дојде и бизнисменот Дејан Панделески.

Според судот, покана не му била врачена да дојде на денешното рочиште, бидејќи на посочената адреса од неговото работно место на доставувачот му било речено дека тој е на службено патување. За вториот сведок немало уредна покана.

Следното рочиште е на 3 март.Јовановски има предложено 12 сведоци кои треба да дадат исказ од наредната недела.

Тогаш се очекува да дојдат и да сведочат Алекс Кртов, Сергеј Варошлија, Марија Јанковски, Дејан Панделевски и Лидија Јаневска. Денеска Јовановски ќе присуствува на јавна седница на скопска Апелација. Судот ќе треба денеска да се изјасни за барањето на одбраната на Јовановски да му биде укинат затворскиот притвор.

Одбраната на Јовановски се надеваат на позитивен став на судот откако вчера судечкиот совет се изјасни дека е се иполнети условите тој да излеле од притворското одделение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот