Ниту сама не може да поверува дека поминала вака: Убавата Русинка паднала од мотор со брзина од 200 на час! (ВИДЕО)

Фото: илустрација

Руската бајкерка Ангелина, буквално имаше „повеќе среќа, отколку памет“ кога на брзина од 193 километри на час излетала од патот со својот моторцикл.

Толкава брзина и ја одземала контролата на моќниот Кавасаки Нинџа ЗХ-6Р, па моторциклот излетал од пат и неколку пати се превртел пред и таа и моторот да застанат на еден пат во Сочи.

Од морбидната снимка која ја објави таа на Инстаграм, не може да се заклучи колку долго Ангелина се задржала на моторот пред да се најдат на земја.

Да предупредиме, снимката е вознемирувачка:

Луѓето кои притрчале да и помогнат не и дале да ја се помери, ниту да ја тргне кацигата пред да дојде итна помош.

Потполно неразбирливо е како оваа дваесетгодишна девојка успеала на толкава брзина да се извлече само со модрици и гребаници – без ниту една скршеница.

И нормално, штом застанала на нозе таа веднаш се пофали на социјалните мрежи со селфи-фотки…

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот