Ниту половина од младите Германци не гледаат телевизија, покажува ново истражување
Според последното истражување на германските државните медиумски сервиси АРД/ЗДФ, речиси три четвртини (73 отсто) од Германците постари од 14 години следат телевизиска програма најмалку еднаш неделно.
Но, разликите во старосните групи се огромни. Така, во најмладата група, од 15-29 години, само 48 отсто од испитаниците одговориле дека гледаат телевизија најмалку еднаш неделно.
Во средната генерација, од 30-49 години старост, тоа го прават 61 отсто, а во старата, од 50 до 69 години, 87 отсто. Меѓу најстарите граѓани, со најмалку 70 години, телевизиска програма следат високи 95 отсто.
Состојбата е целосно обратна во поглед на консумацијата на содржини на интернет. Уделот на корисници во најмладата група е 78 отсто, а меѓу најстарите 10 отсто.
Анкетата на 2.500 граѓани постари од 14 години, ја спровел маркетиншкиот институт ГИМ.