Ниту на Мицкоски, ниту на Чулев им е гајле за безбедноста во државава - Слободен печат

Ниту на Мицкоски, ниту на Чулев им е гајле за безбедноста во државава

Основата на комуникациската стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за мобилизирање на гласачи на овие избори е – „нивната победа е неминовна, а кога со сигурност ќе дојдат на власт, ќе ги избришат сите анти-државни промени кои ги направила расипничката влада на Заев и ќе ги испозатворат сите кои тие ги сметаат за криминалци или предавници.“

Техничкиот Министер за внатрешни работи не е дојден со задача да ја заштити, или не дај Боже, унапреди безбедноста во Република Северна Македонија.

Судејќи по неговите постапки, очигледно е дека агендата на „врвниот професионалец“ на ВМРО-ДПМНЕ е идентична со онаа на партијата која го назначи – прикажување и предизвикување на што е можно поголем хаос и иницирање на битката за расчистување со неистомислениците.

Основата на комуникациската стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за мобилизирање на гласачи на овие избори е – „нивната победа е неминовна, а кога со сигурност ќе дојдат на власт, ќе ги избришат сите анти-државни промени кои ги направила расипничката влада на Заев и ќе ги испозатворат сите кои тие ги сметаат за криминалци или предавници.“

За да убедат што е можно поголем број гласачи во неминовноста на својата победа, тие мораат мошне убедливо да ја креираат приказната која сакаат да ја продадат. Затоа, со сигурност тврдам дека единствената работа која ќе ја вршат не само Чулев, туку и сите останати технички министри и заменици-министри ќе биде блокирање на што е можно поголем дел од работата на министерствата и на Владата, со што ќе се прикаже неефикасност и расипништво; и кревање галама за најчесто непостоечки и конфузни криминални заговори и дела на сегашната власт. Велам непостоечки и конфузни, бидејќи во денешното време на брзи информации и лажни вести, може да биде многу поефективно политичкиот противник да го обвинуваш за работи кои ги нема сторено, отколку за нешта кои навистина ги направил. Така, тој/таа е ставен/а во положба на постојана дефанзива и без јасно креирана стратегија поради постојаните различни напади.

Тука, улогата на Чулев е малку поинаква од останатите. Неговото педигре на лојален режимски службеник и во најмрачните времиња на државава и неговата позиционираност во МВР го прават ударната тупаница на предизборната пропаганда која ќе следи. Негова работа ќе биде убедувањето на јавноста во одлучноста на ДПМНЕ во постизборното расчистување со непријателите. Затоа Чулев веќе го претвара МВР во МВРО со кадар чија задача ќе биде креирање хаос и афери. Затоа Чулев под дрво и под камен веќе бара обвинител кој ќе се согласи во предизборието да отвори постапка против Заев.

Дополнително, но не непланирано – ефектот кој оваа пропаганда ќе го има врз веќе започнатите постапки против поранешниот режим – тие веруваат дека така целосно ќе го банализираат секој обид за нивно повикување на одговорност, што има за цел да ја отапи јавноста во поглед на нивните секојдневни малверзации, манипулации и изигрувања на судскиот систем.

Фејсбук статус на Павле Богоевски.

Прочитај повеќе

Вучиќ: Кои права ги имаат Србите во Црна Гора, а кои Албанците во Северна Македонија?

Слободен печат

Заев го повика Мицкоски да изнајдат заедничко решение за Законот за јавно обвинителство

Слободен печат

30 ПРАШАЊА СО СТУДЕНТ ВО „КУЗМАН“: Името на мојот студентски живот како филм би бил САМОУНИШТУВАЊЕ (ВИДЕО)

Слободен печат

Димов: Албанците добија многу права, бидејќи се бореа за тоа, ние Ромите не се бориме и затоа сме дискриминирани

ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО РУСИЈА: Путин во тајност ја држел својата одлука, на министрите во последен час им било речено да поднесат оставка

Слободен печат

ЕКСКЛУЗИВНО Бујар Османи за разговорот со Вархељ: Новата методологија ќе биде подобрена што и Србија и Црна Гора ќе бараат да преговараат според неа!

Слободен печат

Остави Коментар

three × 4 =

Прочитај повеќе

Бошњаците го прават, Aлбанците го носат, Mакедонците го јадат, што е тоа?

Ерол Шаќири

Царовска: Доколку имаме целосен мандат од четири години ќе постигнеме минимална плата од 16.000 денари

Слободен печат

Милошоски: Вилма Рускоска очигледно е замена за Катица Јанева која ќе го вдоми тимот на СЈО

Слободен печат

ПОНИЖУВАЧКИ: Откриен прекарот кој кралската фамилија го користела за Меган

Слободен печат

Хамнеи: Трамп е кловн кој се преправа дека ги подржува Иранците

Слободен печат

Царовска: Преку програмата за самовработување одобрени се вкупно 1.484 грантови

Слободен печат