Ниту Меси, ниту Кристијано Роналдо, Мурињо го избра најдобриот фудбалер

фото: 90min.com

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, откри кој според него е најдобриот фудбалер на светот, а тоа не се ниту Кристијано Роналдо ниту Лионел Меси.

Португалецот во видео интервју за Ла Лига октри кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

– Роналдо „Ел Феномено“ – како од топ одговори Мурињо и потоа даде свое образложение:

twitter/When Football Was Better

– Доколку зборуваме стрикно за талентот и фудбалкските вештини, никој не е на нивото на Назарио да Лима Роналдо. Додека беше во Барселона кога тренер беше Боби Робсон, а јас бев негов помошник, сфатив дека никогаш не сум видел подобар фудбалер кој истрчал на теренот.

Мурињо исто така истакна дека бил воодушевен од Роналдо уште од неговите тинејџерски денови.
– Повредите му ја уништија кариерата која можеше да биде импресивна, но талентот кој го имаше како 19-годишно момче е нешто досега невидено во фудбалот – додава Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот