Ниту Халанд, ниту Кејн, летната трансфер бомба ќе биде Левандовски?

Роберт Левандовски беше прогласен за најдобар фудбалер за 2020 година во изборот на ФИФА/фото: EPA-EFE/ALEXANDER HASSENSTEIN

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола на стартот од летниот преоден рок зборуваше дека нема пари врвни напаѓачи како Хари Кејн или Ерлинг Халанд, а сега тропна на врата на Баерн Минхен.

Гвардиола сака во Сити го донесе Роберт Левандовски кој не е толку скап како Кејн или Халанд. Левандовски има уште две години од договорот со Баерн Минхен каде заработува 17 милиони евра годишно, плата која без проблем може да ја добие и во Англија.

И самиот Левандовски има желба да си замине од Баерн бидејќи сака нов предизвик во кариерата, затоа го ангажира Пини Захави за менаџер, засега баварскиот тим не попушта, но…

Најавите од Англија се дека Манчестер сити е пoдготвен да понуди помеѓу 90 и 120 милиони евра, а тоа е сума која сигурно ќе ги натера челниците на Баерн Минхен сериозно да размислат.

Како евентуална замена доколку Левандовски се пресели во Манчестер сити се споменува Ерлинг Халанд за кого Баерн уште ова лето ги платил повеќе отколку што изнесува откупната клаузула наредното лето за Норвежанецот и ќе го остави во Борусија Дортмунд уште една сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот