Ниту Гатузо не помогна, Наполи повторно загуби

твитер

Џенаро Гатузо кој го наследи Карло Анчелоти, со пораз ја стартуваше тренерската одисеја во Наполи. Тимот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е поразен со 1:2 од Парма во рамките на 16, коло во Серија А.

Несудениот македонски репрезентативец, Даниел Кулушевски уште во четвртата минута и донесе водство на Парма, по катастрофалната грешка на Калиду Кулибали.

Наполи израмни во второто полувреме, поточно во 64. минута со голот на Аркадиуш Милик. И кога сите мислеа дека Гатузо на првиот натпревар на клупата на Наполи ќе дојде барем до бод, Жервињо на асистенција на Кулушевски во 93 минута ги шокира и навивачите и фудбалерите на Наполи.
Елиф Елмас целиот натпревар го преседе на клупата за резервни играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот