Ниту едно труење со храна не е регистрирано во 2019 година

Според Атанасов, минатата година во трите случаи причинителот не е потврден зашто пријавените 19 лица имале благи симптоми.

Системот за безбедност на храната е функционален. Изминатата година не е евидентирано ниту едно труење, иако биле пријавени три случаи со 19 лица, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, оценувајќи дека ваквите резултати се солидни ако се земе превид дека во 2018 година 21 лице завршиле на болничко лекување, а лани 35.

Според Атанасов, минатата година во трите случаи причинителот не е потврден зашто пријавените 19 лица имале благи симптоми.

– Во светски рамки годишно се евидентираат по околу 600 милиони случаи на труење со храна, а од нив 430.000 завршуваат со смрт. Оттука, можеме да кажеме дека кај нас системот на безбедност на храната функционира и во него се вклучени сите инволвирани: потрошувачите, институциите, операторите со храна и лабораториите, рече Атанасов на средба со новинарите.

За поефикасна и уште подобра контрола, како и за поголема безбедност на храната, АХВ, потенцира директорот, воведе систем за брзо известување според европските стандарди, почна да спроведува Програма за контрола и превентива на одделни физички, хемиски и биолошки опасности во определени видови или категории храна, имплементира мониторинг на храната третирана со јонизирачко зрачење, а почна активно да работи и Националниот совет за безбедност на храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот