Ниту една трага од исчезнатата албанска фудбалерка на Швајцарија, семејството во очај

Сè уште не е пронајдена албанската фудбалерка на швајцарската репрезентација, Флоријана Исмаили, иако се бара со сите сили.

Роднините на исчезнатите стануваат сѐ поочајни. Надежта се намалува со секој час што поминува, иако спасувачките тимови сѐ уште го пребаруваат езерото Комо.

Фудбалерката на Јанг бојс исчезна во саботата.

Фудбалерката заедно со една своја пријателка, биле со моторен чамец во езеро кога таа се фрлила во студената вода, и оттогаш 24-годишната девојка повеќе не се појавила.

На местото каде Исмаили се фрлила во водата, длабочината достигнува до 200 метри. Местото се пребарува со робот и од страна на специјални сили.

Во Комо пристигна и нејзното семејство. По толку часа од исчезнувањето на Флоријана тие се очајни.

– Ние не знаеме ништо. Чекаме за информации, но се сомневаме дека Флоријана се наоѓа на дното на езерото – изјавил за BlickBlick братот на фудбалерката, пренесува Телеграфи.

Флоријана стана дел од швајцарската репрезентација за првпат во 2014 година. Таа настапила на 31 натпревар и учествувала на Светското првенство во 2015 година.

Квалификациите за Светското првенство оваа година поминаа неуспешно за Швајцарија, откако пред само две недели таа не настапи на последниот меѓународен натпревар.

Флоријана Исмаили е дел од тимот на Јанг бојс од Берн уште од 2011 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот