Ниту болеста не може да го спречи Михајловиќ да го пропушти дуелот со Лацио

twitter.com/SimoBumBumCiao

Синиша Михајловиќ е подготвен на неколку часа да ја напушти болницата за да може да ја предводи Болоња против, за него, специјален противник Лацио (15 ч.).

На Синиша Михајловиќ во јули годинава му беше дијагностицирана леукемија, тој седеше на клупата на Болоња во првите два натпревари по што замина на втора фаза од лекувањето во болницата „Sant’Orsola“ во Болоња и предвидувањата беа дека ќе се врати по репрезентативната пауза.

Но, големиот борец Михајловиќ сака денеска да ја предводи екипата против за него специјален тим. Тој поголем дел од кариерата помина во Лацио (1998-2004) и е многу добар пријател со сегашниот тренер на „лацијалите“ Симоне Инзаги.

– Тој е воин кој ќе ја добие оваа битка. Често мислам на него. Кога прв пат го видов, многу ми помогна да се вклопам во тимот на Лацио и заедно бевме дел од многу победи. Се надевам дека денеска ќе можам да го прегрнам мојот пријател и воин – изјави Симоне Инзаги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот