Ништо од враќањето на Нејмар, ПСЖ се мајтапи со Барселона

Нејмар и неговото враќање во Барселона е топ тема во летниот преоден рок, и како стојат работите, сапуницата нема да заврши набрзо. Вчера Барселона официјално понуди 70 милиони евра и во пакет да ги прати Фелипе Кутињо и Иван Ракитиќ. Кутињо се согласи да премине во ПСЖ, додека Ракитиќ се наоѓа во Париз да ја слушне понудата од „светците“, по што и француските и каталонските медиуми објавија дека трансферот на Нејмар е прашање на време.

Но, денеска се случи нов пресврт кој ја натера Барселона да се повлече од преговорите. Имено, францускиот шампион од Барселона побара 100 милиони евра во кеш и двајца фудбалери, Осман Дембеле и играчот кој идната среда треба да биде презентиран на „Камп Ноу“, Антоан Гризман. Кога ќе се пресметаат сумите, доколку се реализира трансферот, ПСЖ би добил повеќе од 330 милиони евра, бидејќи покрај 100-те милиони евра во кеш, вредноста на Дембеле ја цени на 120 милиони евра, а иста е сумата на откупната клаузула на Гризман која Барселона ќе ја активира идната недела.  Нејмар во ПСЖ пристигна во 2017 година за сума од 222 милиони евра.

По ова барање, челниците на Барселона се повлекоа од преговорите и се надеваат дека Нејмар самиот ќе успее да издејствува трансфер без каталонскиот клуб да биде уценуван од страна на „светците“. Бразилецот изјави дека нема намера да се враќа во Париз дури и по цена да ја заврши кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот