Ништо од тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Русковска ја тужеше политичката партија за изборните спотови на партијата наречени „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“.

Неоснована била тужбата на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска против опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Судијата Андреј Димоски ја отфрли тужбата на Рускоска со која бараше отштета од 10.000 евра од ВМРО-ДПМНЕ.

Русковска ја тужеше политичката партија за изборните спотови на партијата наречени „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“.

На минатото рочиште адвокатите на странките имаа различни ставови во однос на тоа дали изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, биле за нарушување на угледот на обвинителката Рускоска, или пак тоа спаѓа во категоријата на слобода на говор.

Отштетата од десет илјади евра ќе ја донирам во СОС Детското дело, најави своевремено шефицата на Обвинителството за организиран криминал и висока корупција Вилма Русковска.

– Најпрвин од нив побарав извинување и повлекување на спотовите додека траеше предизборната кампања, но тоа не се случи и од тие причини преку адвокат ја поднесов тужбата. Сметам дека тој износ е еден реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, по одбивањето на трошоците, сакам да ја донирам сумата во СОС Детско село. Во оваа пандемија малку и се заборави на оваа институција, а тие опстојуваат токму од донации на граѓани и компании – изјави Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот