Ништо од тројна „круна“, Ливерпул во „криза“, Челзи го напаѓа ФА купот! (ВИДЕО)

фото: твитер

Со головите на Вилијан во првото и Баркли во второто полувреме лондонските „сини“ се пласираа меѓу најдобрите осум во натпреварувањето.

Денеска во осминафиналето од англискиот ФА Куп на стадионот „Стемфорд Бриџ“ составот на Челзи го елиминираше Ливерпул со конечен резултат 2:0.

Една мала „криза“ владее во редовите на Клоп, претходно го претрпеа првиот пораз во Премиер лигата од Ватфорд (3:0), сега елиминација од лутиот ривал Челзи, а можно е да испаднат „црвените“ и во ЛШ, бидејќи пред реваншот на 11 март имаат негатива од 1:0 во осминафиналниот двомеч против Атлетико Мадрид.

Лондонските „сини“ имаа повеќе од играта, а до триумфот дојдоа благодарение на головите на Вилијан во 13. и Баркли во 64. минута од средбата.

Вилијан упати еден силен удар, топката за момент заврши во рацете на Адриан, но веднаш се одби од телото на шпанскиот голман за водство на домаќинот.

Во 64. минута контранапад на Челзи, од пола терен тргна Баркли, Редси наместо да го запрат, му дозволија доволно простор да упати еден прецизен удар во мрежата на немоќниот Адриан.

В среда во ова натпреварување се закажани три средби: Шефилд Веднздеј-Манчестер сити, Лестер сити-Бирмингем сити и Тотенхем-Норич сити, а Дерби Каунти и Манчестер јунајтед в четврток ќе ги одмерат силите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот