Ништо од Суарез и Џеко: Пирло брка напаѓач кого одлично го познава!

фото: facebook.com/Juventus/

Италијанскиот шампион и натаму е во потрага по искусен играч кој што ќе биде вистински голгетер за наредните години, а сегашниот тренер Андреа Пирло има одличен предлог до својата управа во Торино.

Иако се шпекулираа звучни имиња како Един Џеко и Луис Суарез, од тоа ништо нема да биде реализирано, па така Пирло се насочи кон ново решение за офанзивниот дел на Јувентус.

Според шпанските медиуми „Старата дама“ покажува интерес за својот поранешен играч, Алваро Мората, кој во клубот беше додека Пирло и натаму настапуваше како играч, па тие двајца одлично се познаваат.

фото: твитер

„Марка“ информира дека „бјанконерите“ се подготвени да понудат 50 милиони евра до Атлетико Мадрид.

Од друга страна, стратегот на „јорганџиите“, Диего Симеоне има намера на „Ванда Метролитано“ да го донесе досегашниот член на Барселона, Луис Суарез.

Мората уште од почетокот на кариерата играше само во силни и големи клубови. Светската јавност го запозна во дресот на Реал Мадрид, потоа се пресели во Јувентус од каде се врати во „кралскиот“ клуб.

Две години помина во дресот на Челси, па минатото лето се врати во Мадрид, но овојпат во Атлетико. За репрезентацијата на Шпанија на 33 натпревари успеа 17 пати да се запише во листата на стрелците.

Меси го кани Нејмар да играат во ист клуб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот