Ништо од шампионскиот сон за Бруклин, Дурант паузира цела година

twitter/sportsillustrated

Бруклин нетс експресно го загуби статусот на еден од најголемите фаворити за титулата, откако и официјално беше потврдено дека Кевин Дурант ќе ја пропушти целата наредна сезона поради повреда.

Генералниот менаџер на Бруклин , Шон Маркс, изјави дека не сакаат да ризикуваат со Дурант кој во плејофот минатата сезона доживеа повреда на ахиловата тетива.

Според лекарскиот тим на Бруклин, ол стар крилото може да се врати на терените по Ол стар натпреварот во февруари идната година, во челниците на екипата се подготвени да ја жртвуваат целата наредна сезона, само за да го имаат Дурант здрав за две години.

– И дефинитивно е јасно дека не можеме да планираме на Дурант оваа сезона. Мислам дека ќе мора да паузира една година. На крајот ќе зависи и од Дурант, тој ќе ја донесе конечната одлука кога ќе се врати на натпреварите – изјави Маркс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот