Ништо од преселбата во Мерцедес, Ферстапен го продолжи договорот со Ред Бул

twitter/Max Verstappen

Холанѓанецот одлучи со австрискиот тим да се бори за титулата.

Макс Ферстапен ги прекина сите шпекулации околу неговата иднина и потпиша нов долгогодишен договор со екипата на Ред Бул. Со новиот договор, Ферстапен ќе биде дел од Ред Бул до 2023 година.

Во изминатиот период се шпекулираше дека Холанѓанецот ќе го напушти Ред Бул и ќе се пресели во Мерцедес кој токму вонего ја гледаше идеалната замена за шесткратниот шампион Луис Хамилтон.

„Среќен сум што го продолжив договорот. Ред Бул уште од почетокот на мојата кариера веруваше и ми даде шанса во Формула 1 и поради тоа засекогаш ќе му бидам благодарен на тимот. Што се однесува до болидот, со доаѓањето на Хонда имаме голем напредок и убеден сум дека ќе се бориме за највисок пласман – изјави Ферстапен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот