Ништо од нов референдум за независност на Шкотска

Знамињата на Велика Британија и Шкотска
Знамињата на Велика Британија и Шкотска / Фото: EPA/ANDY RAIN

Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Шкотска нема овластување да донесува закони за одржување нов референдум за независност без согласност на Владата во Лондон.

Полуавтономната шкотска Влада сака Шкотите следниот октомври да се изјаснат на референдум на прашањето „Дали Шкотска треба да биде независна држава”.

Конзервативната британска Влада одбива да го одобри изјаснувањето, со образложение дека прашањето било решено на референдумот во 2014 година кога шкотските гласачи ја отфрлија независноста.

Во 2014 година, Шкотите со 55 отсто од гласовите го отфрлија распуштањето на повеќе од 300 години старата унија со Англија, но две години подоцна застапниците за независност побараа да се одржи ново гласање. Мнозинството Шкоти се на уверување дека со излегувањето на Велика Британија од Европската унија значајно се променете политичките околности.

Премиерката на Шкотска и лидер на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен, која е за независност, на почетокот од годинава најави дека има намера на 19 октомври 2023 година да организира референдум за независност, но изјаснувањето да биде спроведено согласно домашната легислатива и меѓународното право.

Врховниот суд на Британија ќе одлучи дали Шкотска ќе добие втор референдум за независност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот