НИШТО ОД МИР ВО ЛИБИЈА: Макрон барал прекин на огнот, но тоа нема да се случи

Фото: EPA

Либискиот командант Калиф Хафтар денеска во Париз му соопштил на претседателот Емануел Макрон дека се уште не се исполнети условите за прекин на огнот во Триполи, но признал дека е неопходен политички дијалог за излез од кризата, соопштуваат француските медиуми.

Макрон на состанокот барал од Хафтар да се прекине огнот што е побргу возможно, се додава во соопштението од кабинетот на францускиот претседател.

Во Либија владее хаос по убиството на долгогодишниот лидер Моамер ел Гадафи во 2011 година.

Во оваа земја владеат две влади. Едната е меѓународно призната со седиште во Триполи, а другата е во Бенгази и нејзин лидер е Хафтар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот