Ништо од големото враќање, Берлускони се откажува од претседателската кандидатура?

Силвио Берлускони / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони одлучи да не се кандидира за претседател, изјави извор од неговата партија Напред Италија, пишува Ројтерс.

Состанокот меѓу италијанските партии од десниот центар пред парламентарното гласање, кое започнува на 24-ти јануари, сè уште е во тек.

Централно-десниот блок ги вклучува Лигата, Браќата на Италија и партијата Напред Италија на Берлускони.

Милијардер со претседателски амбиции: Враќање на „отпишаниот“ Силвио Берлускони

Драги и Берлускони се сметаа за главни кандидати

Италијанскиот парламент во понеделник треба да започне со избор на нов претседател, а најчесто споменуваните кандидати се актуелниот премиер Марио Драги и поранешниот Силвио Берлускони.

Поранешниот премиер (85) долго време се обидува да ја круниса својата кариера како претседател, но повеќето набљудувачи не веруваат дека тој ќе собере доволно гласови.

Иако е главно церемонијална должност, италијанскиот претседател има значителни овластувања во време на политичка криза – од распуштање на парламентот до избор на нов премиер и отфрлање на мандатите од кревките коалиции.

Италија на 24 јануари оди на претседателски избори, Драги и Берлускони можни кандидати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот