Ништо од Галатасарај, тренерот Терим го блокирал трансферот на Алиоски?!

алиоски
Езџан Алиоски остави значајна трага во боите на Лидс/Фото: EPA-EFE/Paul Ellis

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кариерата нема да ја продолжи во Галатасарај бидејќи преговорите со турскиот гигант пропаднаа, пренесува „А Спор“.

Иако вчера сите турски медиуми објавија дека Алиоски и Галатасарај ги договорија сите детали, денеска доаѓаат спротивни информации, преговорите се стопирани.

Причината за пропаѓањето на преговорите е тренерот на Галатасарај, Фатих Терим. Тој смета дека договорот на Алиоски ќе претставува голем финансиски товар за клубот. Алиоски со турскиот тим се договори да потпише четиригодишен договор за плата од 2.2 милиони евра.

Терим смета дека Галатасарај всушност ќе треба да потроши околу 18 милиони евра на Алиоски бидејќи треба да добие бонус за потпис, менаџерот на фудбалерот треба да добие провизија, а тука е се и дополнителните бонуси за освоените титули и настапи за турскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот