Ништо ново, Хамилтон со триумф на Хунгароринг – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ништо ново, Хамилтон со триумф на Хунгароринг

Британскиот возач Луис Хамилтон славеше на денешната трка за Големата награда на Унгарија пред Макс Ферстапен и Себастијан Фетел.

Ова беше вкупно седми триумф на Хунгароринг во кариерата за Хамилтон, а до победата дојде после голема борба и одлична тактика на Мерцедес.

Голема предност имаше Макс Ферстапен кој дојде до пол позицијата во саботните квалификации, но во 67 круг членот на Ред Бул беше престигнат од Британецот.

Актуелниот Формула 1 шампион го оствари 81 триумф во кариерата, а вкупно осми сезонава и направи уште еден голем чекор кон одбрана на титулата. Моментно кај возачите има точно 250 бодови, пред Валтери Ботас (188) на Мерцедес и Ферстапен (181).

Холанѓанецот мораше да се задоволи со второто место кој освои и додатен бод за најбрз круг на трката, а трет заврши членот на Ферари Себастијан Фетел кој во завршницата го престигна тимскиот колега Шарл Леклер.

Во Ф1 шампионатот следува пауза од скоро еден месец, а натпреварувањето ќе продолжи на 1 септември со ГН Белгија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close