НИШТО НОВО: ЕХФ ем не му верува на Вардар, ем прави грешки! – Слободен печат
РакометСпорт

НИШТО НОВО: ЕХФ ем не му верува на Вардар, ем прави грешки!

Сме биле сведоци и во минатото како Европската ракометна федерација знаела да згреши во своите проценки кога станува збор за „фаворизирање“ на екипи за титулата во ЛШ.

Односно во овој случај, денеска ЕХФ го објави својот прв ранкинг непосредно пред почетокот на новата сезона во ракометната Лига на шампионите.

Ранкинзи врз основа на моменталната форма, досегашните резултати, промените, самите трансфери, а и летово Вардар претрпе промени во играчкиот кадар и нешто слично како лани „црвено-црните“ почнуваат „топло-ладно“.

фото: Слободен печат

Трет на неофицијалното Светско клупско првенство, а во изминатиот период неочекуван минимален пораз во СЕХА од украинскиот Мотор Запорожје на гостински терен.

Во овој период и повредите диктираат, па тренерот Писонеро не може сеуште да смета на сите ракометари за претстојниот период. Првиот меч во групната фаза на ЛШ македонските, регионалните и европски шампиони ќе го имаат на 14 септември во Франција од 17.15 часот против Монпелје.

Во првиот ранкинг на ЕХФ, тамошните ракометни „стручњаци“ не го гледаат Вардар оваа сезона на Фајнал фор турнирот во Келн, односно е сместен моментно на седмото место.

принтскрин/EHF

– Бројот 1 вообичаено е резервирано за бранителите на титулата во ЛШ, но за жал од Вардар ова лето си заминаа неколку клучни играчи како Дејан Милосављев, Игор Карачиќ, Рожерио Мораеш и Глеб Калараш – велат од ЕХФ.

Само да ги потсетиме луѓето од ЕХФ, Калараш „специјалистот за одбрана“ не си замина, односно тој се врати во Вардар кој потврди дека уште две години Русинот ќе ги брани боите на клубот.

фото: рк вардар

ЕХФ воедно додава дека Вардар со споменатите играчи блесна на патот до титулата, иако никој не му веруваше на македонскиот првак.

– Ќе биде тешка задача за скопскиот клуб и наредните неколку недели ќе ни кажат многу – додаваат од ЕХФ.

Најголеми шанси барем според првиот ранкинг за трофејот сезонава во Лигата на шампионите му се даваат на унгарскиот Веспрем во чии редови настапува нашето крило Дејан Манасков.

Лига на шампиони (2019/2020)

ЕХФ ранкинг –

1.Веспрем
2.Барселона
3.ПСЖ
4.Кил

5.Келце
6.Пик Сегед
7.Вардар
8.Фленсбург
9.Монпелје
10.Мешков Брест

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close