Ништо не препушта на случајот, Попович има и резервен список за СП

Објавен е прелиминарниот список од 15 играчи, а освен тој има уште еден список од 14 „резерви“. Џулијус Рендл е последниот кошаркар кој одлучи да ги прескокне подготовките и Мундобаскет 2019.

Еве како изгледа прелиминарниот список на кошаркарската селекција на САД од 15 играчи:

Бем Адебајо (Мајами), Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлен Браун (Бостон), Кајл Кузма (Лос Анџелес лејкерс), Брук Лопез (Милвоки), Кајл Лаури (Торонто), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Мејсон Пламли (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсон Тејтум (Бостон), Пи Џеј Такер (Хјстон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон), Тадеус Јанг (Чикаго).

На додатниот список од 14 играчи се наоѓаат: Џерет Ален, Марвин Бегли, Микал Бриџс, Џејлен Бренсон, Пет Конахтон, Тори Крејг, Дирон Фокс, Џо Херис, Џонанан Ајзак, Џарен Џексон, Мичел Робинсон, Дерик Вајт и Тре Јанг.

Конечниот список од 12 играчи кој ќе оди во Кина ќе биде официјално објавен на 17 август.

Светскиот куп ќе се одржи од 31 август до 15 септември, Американците се во групата Е заедно со Турција, Чешка и Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот