Ништо не ја спречува да биде тоа што е: Ким Кардашијан во жешко издание за новата кампања (ФОТО)

Додека напорно работи за да стане адвокат, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (39) повторно ги покажа своите атрибути додека ја промовираше новата колеција за нејзиниот бренд „Skims“.

Фото: Инстаграм / Ким Кардашијан

Без разлика на тоа што светот се справува со пандемијата предизвикана од коронавирусот и интересот за купување на долна облека е опаднат, Ким и натаму се бори со продажбата и продолжува да го промовира брендот кој е препознатлив по долната облека која го затега телото, а оваа колекцијата е насловена „Smooth Essentials“.

Фото: Инстаграм / Ким Кардашијан

Сепак, можеби највпечатлива фотографијата е онаа на која се гледа како Ким лежи во три различни пози, а во фокус е нејзиниот најпрепознатлив атрибут. Ѕвездата дефинитивно знае како да ја истакне нејзината вита фигура, а во описот под фотографијата, пишува дека комбинацијата во која позира Ким чини 75 долари.

Фото: Инстаграм / SKIMS

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот