Нишикори позитивен на Ковид-19, ќе го пропушти Синсинати

фото: твитер

Кеи Нишикори се откажа од учеството на Синсинати, за турнирот кој од претходно беше пријавен.

Јапонскиот тенисер е позитивен на коронавирус, поради што е принуден да го пропушти Синсинати кој е загревање за грен слем турнирот „УС Опен“.

Имам некои лоши вести. Ова утро на Флорида сум тестиран на Ковид-19 и сум позитивен. Морам да се откажам од Синсинати, тимот и јас ќе бидеме тестирани повторно во поток, кога ќе имам нови информации.

Се чувствувам добро и имам минимални симптоми. Но, очигледно морам да бидам во целосна изолација поради безбедноста на останатите. Планиравме утре да летаме за Њујорк, но очигледно ќе останеме на Флорида – објави Нишикори.

Според најавите доколку биде негативен на следното тестирање, ќе биде подготвен за настапот на УС Опен кој ќе стартува на 31 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот