Нишани ја нападна албанската влада: Не ја кажуваат реалната бројка на починати од Ковид-19

Бујар Нишани / Фото: Архива на Слободен печат

„И во време на пандемија, владата не само што лаже, туку ги ограбува Албанците и преку коруптивни тендери”, констатира Нишани.

Поранешниот албански претседаател Бујар Нишани, кој по завршување на функцијата многу ретко се јавува со коментари за одредена актуелна состојба во земјата, попладнево со подолга објава
на Фејсбуј ја обвини актуелната Влада дека ги лаже албанските граѓани со реалната бројка на починати од Ковид-19.

Според него, владата ги смета како жртви само оние кои го губат животот во болница, но не и   оние кои умираат во приватни болници или во своите домови.

При тоа наведува,како што вели, проценти на смртност во однос на заразени, обработени врз снова на податоците објавени синоќа од Светската здравствена организација.

„Ако процентот на смртни случаи во однос на  заболените во Хрватска е 1,4 отсто, во Црна Гора 0,8, во Србија 2,4, во Косово 2,7, во Босна и Херцеговина 4,2, во Грција 4,3 а во Северна Македонија 4,8 отсто, во Албанија тој процент е 5,5 отсто. Јасно се гледа дека Албанија има највисок процент на смртност од досега заразените лица,- напиша Нишани.

Додава дека не можело да се случи поинаку, кога власта наместо да ги искористи сите средства, механизми, овластувања, моќ да им помогне на граѓаните со брзина и според потребните стандарди,  мислела само на крадење и корупција со тендери дури и во време на пандемија.

„И во време на пандемија, владата не само што лаже, туку ги ограбува Албанците и преку коруптивни тендери”, констатира Нишани.

Според денешните податоци на Министерството за здравство во земјата  бројот на заразените изнесува 409, односно девет случаи повеќе од вчера. Од вкупната бројка 165 се излекувани, додека починале 22 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот