Ниш: Пожарникарите со часови гасат огромен пожар во фирма (ФОТО)

Пожар во фабрика во Ниш/Фото: Агенција Анадолија

И пет часа откако во Мерошин кај Ниш се запали магацин на една фирма со бои и лакови, пожарникарите го гаснат огнот од кој и понатаму се крева густ црн дим. За среќа, во пожарот нема повредени, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Пожар во фабрика во Ниш/Фото: Агенција Анадолија

Пожарот е локализиран, односно не постои можност за негово натамошно ширење, но гаснењето на зграда со лесно запалливи материи бара уште напори.

Материјална штета има, а повредени, според последните информации, нема.

Пожар во фабрика во Ниш/Фото: Агенција Анадолија

„Кај нас на преглед беше доведена една личност, но нашата екипа не констатираше повреди, туку само беше вознемирена“, велат од Брзата помош за АА.

Пожар во фабрика во Ниш/Фото: Агенција Анадолија

Пожарот во магацинот на фирмата „Гоекс“ избувна утринава во 8:40 часот, кога на терен, според полицијата, беа испратени 18 пожарникари со осум противпожарни возила.

Пожар во фабрика во Ниш/Фото: Агенција Анадолија

На лице место се наоѓаат и припадници на полицијата, работници на нишкото јавно-комунално претпријатие „Медијана“, а дежура и екипа на Брзата помош.

Пожар во фабрика во Ниш/Фото: Агенција Анадолија

Причините за пожарот засега се непознати.

Извор и фото: Агенција Анадолија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот