Нисан размислува дали да го одложи затворањето на фабриките во Барселона

Одлуката за затворање на три фабрики на „Нисан“ во Барселона, кои би довеле до загуба на околу 3.000 работни места, беше најавена во мај, како дел од планот за релокација по што следеа протести на вработените.

Јапонскиот производител на автомобили размислува да го одложи затворањето на три фабрики во Каталонија до јуни следната година.

Владата на Шпанија вети дека ќе стори се што е во нејзина моќ да ја убеди компанијата да не ги затвора постројките.

Од компанијата, меѓутоа, напоменуваат дека ќе мора да се придржуваат до својот првичен план доколку до крајот на јули или почетокот на август не дојде до поместување од мртва точка во преговорите со синдикатите, пренесува „Ројтерс“.

Одлуката за затворање на три фабрики на „Нисан“ во Барселона, кои би довеле до загуба на околу 3.000 работни места, беше најавена во мај, како дел од планот за релокација.

Работниците поради ваквата најава почнаа протести, а Владата на Шпанија вети дека ќе стори се што може да ја убеди компанијата да не ги затвора капацитетите.

Побарувачката на нови автомобили во Европската унија забележа пад во првата половина од годината поради пандемијата од корона вирусот.

Меѓу земјите со најголем пад се Хрватска, Шпанија и Италија, се вели во извештајот на Европската асоцијација за производители на возила.

Побарувачката за нови автомобили во ЕУ бележи постојан пад од март, кога беа воведени строги мерки за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Со нив на граѓаните им беше ограничено движењето, голем број компании беа затворени вклучувајќи ги тука и автосалоните.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот