Нисан најави „битка“ со Тесла за кинескиот пазар

Кинескиот пазар за автомобиле е најголем во светот, минатата година во Кина биле продадени повеќе од 20 милијарди возила.

Јапонскиот производител на автомобили Нисан го претстави својот прв модел на електрично возило, со тоа најавувајќи дека има план да се „бори“ со Тесла за пазарот во Кина на кој американскиот производител на електрични автомобили веќе има изградено цврста позиција.

Кинескиот пазар за автомобиле е најголем во светот, минатата година во Кина биле продадени повеќе од 20 милијарди возила а во САД околу 17 милиони, пишува „Би Би Си“.

Затоа Тесла всушност и ја избра Кина за прво надворешно вложување и во моментов ја проширува својата „Гигафабрика“ во Шангај со цел да може да го зголеми своето производство на електрични автомобили особено на теренците од „Модел Y“.

Нисан пак усвои четиригодишен план кој би му бил потребен повторно да ја осигури својата профитабилност а се темели токму врз зголемување на производството на електрични автомобили.

Во седиштето во Јокохама беше претставен модел на спортски електричен автомобил „Арија“ кој извршниот директор Макото Учида го прогласи за „Надеж на новиот Нисан“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот