Нинова: Во третиот мандат ќе покажеме смиреност

Една од двете задачи, кои ги постави коалицијата „БСП за Бугарија”, е да вложи максимални напори за формирање владин кабинет. Тоа му го соопшти на бугарскиот претседател Румен Радев лидерот на левицата, Корнелија Нинова, јави БГНЕС.

Нинова укажа на ажурирање на буџетот во три насоки – стабилизирање на здравствениот систем за надминување на кризата со коронавирусот, повторно пресметување на пензиите и зголемување на приходите, како и подготовка на државата за евентуален мигрантски бран, како клучни задачи. Таа повтори дека БСП ќе ги достави своите предлози за ажурирањето меѓу двете читања на буџетот.

За време на вторите консултации со цел формирање на редовна влада, Нинова истакна дека БСП ќе вложи максимални напори за составување кабинет доколку добие трет мандат, без да има допирни точки со ГЕРБ и ДПС.

– Во тој поглед, може да се смета на смиреност, стабилно и одговорно однесување од коалицијата БСП за Бугарија, што го покажавме за време на првите преговори, додаде Нинова.

Претседателот Радев истакна дека откако ГЕРБ-СДС ја потврдија нивната позиција дека веднаш ќе го вратат вториот мандат при неговото врачување, ова дава уште поголема тежина на третиот манда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот